
Во ноќна акциска контрола спроведена во угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово, полициските службеници пронајдоа сомнителна бела прашкаста материја и ножеви, а приведоа четири лица.
Контролата била реализирана во периодот од 23:30 часот на 17 јули до 02:00 часот на 18 јули. При преглед на задниот дел од еден угостителски објект во Тетово биле пронајдени две кесиња со бела прашкаста материја, за која ќе следуваат дополнителни вештачења.
Во текот на акцијата, во други угостителски објекти бил приведен А.А. (23) од село Ново Село, поради омаловажување на полициски службеници при вршење службени дејствија.
Дополнително, полицијата ги привела Е.Р. (29) од село Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј. (59) од село Голема Речица, откако кај нив биле пронајдени ножеви.
Од СВР Тетово информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против инволвираните лица.

