Утрински Весник
Балкан

Земјотрес од 5 степени ја погоди источна Турција

Zemjotres1.jpg

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди источна Турција, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Потресот бил регистриран во 6:20 часот по локално време, а неговиот епицентар се наоѓал во округот Баталгази, во провинцијата Малатија, на длабочина од 15,59 километри.


Земјотресот бил почувствуван и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа, каде што дел од граѓаните биле вознемирени од тресењето на тлото.

Надлежните служби веднаш започнале со следење на состојбата на терен, а засега нема информации за евентуални жртви или поголема материјална штета. Турските власти продолжуваат со проценките во погодените области и ги повикуваат граѓаните да ги следат официјалните известувања.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31