Утрински Весник
Македонија

Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек, во комуникација сме со NTSB

Image 2026 07 10 124445874.png

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски.

Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТБС) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста.


Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците. 

Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

– Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9.35 часот по локално време – пишува во вчерашното соопштение на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.

Медиумите во Солун, како што јави дописничката на МИА од Атина, повикувајќи се на сведоштвата на патниците, вчера објавија дека веднаш по полетувањето, веројатно додека авионот летал над Скопје, се слушнал силен звук по што се скршил еден прозорец, а патникот на седиштето до прозорецот, поради наглата декомпресија, бил во опасност да излета од авионот и со помош на неговите сопатници бил задржан и спасен.

Меѓу патниците настанала паника, пилотот, според сведоштвата, останал присебен, ги смирил патниците и го вратил авионот на солунскиот аеродром. Некои од медиумите објавија дека причината за скршениот прозорец бил проблем со моторот, дел се откачил и удрил во прозорецот, нешто што воопшто не е споменато во соопштението на авиокомпанијата. Солунските медиуми објавија дека повреден е турист на 60-ина години и веројатно станува збор за српски државјанин. 

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство