Утрински Весник
Македонија

Јаневска најави можно затворање на универзитети во земјава

20260711135510 big 730x400 26.webp.webp

Спроведените евалуации на високообразовните институции во земјата покажале неправилности во работењето кај дел од нив, поради што ќе следува одземање на акредитации и затворање на оние што нема да ги отстранат недостатоците во законски предвидениот рок. Тоа денеска од Охрид го посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Одговарајќи на прашање на медиумите, Јаневска посочи дека, за разлика од претходниот период сега активно функционира Агенцијата за квалитет на високото образование, што заедно со странски експерти го спроведува евалуации на работењето на образовните институции.


Јаневска истакна дека досега се затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа, а во тек е постапка за затворање на уште пет до шест институти. Дополнително, како што рече, се спроведуваат проверки и мониторинг на најмалку пет универзитети.

Министерката нагласи дека Министерството постапува по пријави од поединци и групи наставници и дека сите активности се спроведуваат согласно законските процедури, при што на институциите им се остава можност да ги отстранат утврдените неправилности пред да бидат преземени конечни мерки.

Можете да прочитате

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат