Утрински Весник
Балкан

„Риба-зајак“ касна жена во популарно грчко летувалиште

Riba zajak 1.jpg

Вистинска драма се случувала во грчкото популарно летувалиште Пефкохори кога жена била нападната од рибата зајак, позната и како лагокефалос. Како што изјавила за грчката телевизија ANT1, таа била на плажа со пријатели и влегла во водата, која ѝ била до колена, кога одеднаш почувствувала силна болка во ногата.

„Реков: ‘Нешто ме гризе и не ме пушта’. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагокефалосот, бидејќи претходно бев информирана. Сфатив дека е тоа, се исплашив и почнав да ја тресам ногата за да се ослободам, бидејќи ме касна и не ме пушташе. Веднаш излегов од морето, бев во паника и почнав да плачам“, раскажала жената.


Таа нагласила дека имала среќа, бидејќи рибата ја каснала во пределот на глуждот, каде што коската спречила подлабоко оштетување.

„За среќа, ме касна точно преку коската на глуждот, па забите не успеаја да навлезат подлабоко во ткивото. Сепак, ми остави голема и видлива рана“, изјавила повредената жена.

Присутните на плажата веднаш ѝ укажале прва помош и успеале да го запрат крварењето, по што била пренесена во локален здравствен центар. Таму примила серум против тетанус, антибиотска терапија, а раната била исчистена и санирана.

Можете да прочитате

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

Вучиќ го „одврза“ ќесето: Најави ваучери за одмори, еднократна помош и раст на платите и пензиите

Воз излета од шините кај Загреб