Утрински Весник
Свет

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“

20260619105019 big 730x400 83.webp.webp

Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници се убиени за време на воени операции во јужен Либан, што се првите загуби по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран со кој се предвидува прекин на воените дејствија на сите фронтови на Блискиот Исток.

Војниците биле убиени за време на операции во пограничната област со Либан.


Израелската армија претходно соопшти дека нејзините сили во текот на ноќта гаѓале цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот.

Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите.

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир по информацијата за смртта на четворица израелски војници изјави дека „целиот Либан треба да гори“.

Ултра-десничарот Бен-Гвир, кој клучен сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, нагласи дека Израел мора да испрати „јасен сигнал“ по загубата на војниците.

„Со сета почит кон Американците, но Израел мора да даде јасен знак на светот дека крвта на нашите синови и безбедноста на нашите граѓани не смеат да бидат препуштени на случајноста. Целиот Либан треба да гори“, изјави Бен-Гвир.

Ескалацијата на насилството во Либан сериозно го поткопува новопотпишаниот договор меѓу Иран и САД, што повикува на итен прекин на воените дејствија на повеќе фронтови, вклучително и во Либан. Договорот има за цел да придонесе кон деескалација и зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Либан.

Можете да прочитате

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија

Поделени ставови во ЕУ по иницијативата на Кошта за дипломатски контакти со Русија