Утрински Весник
Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

Puls.webp.webp

Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ почина, објави 4NEWS.mk.

Станува збор за Љупчо Грнчиштанов, кој имаше 54 години и беше еден од обвинетите во предметот поврзан со пожарот во кој на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).


Во рамки на судскиот предмет за трагедијата во Кочани, тој беше обвинет за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“. Според достапните информации, Грнчиштанов поминал 77 дена во ефективен притвор, по што речиси 14 месеци бил во куќен притвор.

Според информациите од ОЈО обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови.

Ова е втор случај во кој лице поврзано со постапките за трагедијата во Кочани починува додека траат истрагите. Претходно почина и Владо Петров, пензиониран полициски службеник и еден од осомничените во истрагата поврзана со пожарот во „Пулс“.

Можете да прочитате

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Стратешко партнерство за модерно, ефикасно и дигитално правосудство

Поднесено обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане