Утрински Весник
Македонија

Ловел риби со харпун во Охридското езеро и сам се „уловил“

Ohridsko ezero.png

На 18.06.2026 во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” -Охрид е пријавено дека И.М.( 31) од Струга, при риболов со харпун во водите на Охридското езеро во близина на автокамп на охридското крајбрежје, сам се повредил.

По преземени мерки, полициските службеници го пронајдоа повредениот, по што со возило на Итната медицинска помош е пренесен и здржан во Општата болница во Струга.


По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Можете да прочитате

Кривична за измама и фалсификување против претседателот и секретарот на Општински фудбалски сојуз Валандово

Мицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри 

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 168 санкции