Утрински Весник
Свет

Трамп ги откажа планираните воени напади против Иран поради напредок во преговорите

Usa iran 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека ги откажал планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва. Како причина го наведе напредокот во преговорите со Техеран.

Трамп тврди дека разговорите со Иран достигнале највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени. Тој изјави дека поради ова, како претседател на САД, ги откажал закажаните напади, пишуваат медиумите.


„Врз основа на фактот дека разговорите со Исламската Република Иран се доведени до највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва“, напиша Трамп.

Тој додаде дека разговорите и последните точки од договорот, „во концепт и во многу детали“, биле одобрени од сите вклучени страни. Меѓу нив ги спомена САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други.

Трамп рече дека блокадата во Ормускиот ќе остане.

„Поморската блокада ќе остане во полна сила и ефект сè додека не се финализира оваа трансакција. Времето и местото на потпишување ќе бидат објавени наскоро“, напиша Трамп. Трамп во последните недели постојано повторуваше дека договорот со Иран е блиску, но сè уште не е постигнат.

Претходно Трамп најави дека вечерва САД ќе го нападнат Иран „многу јако“.

Можете да прочитате

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб од почетокот на Ковид пандемијата

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе

Полска воведува до пет години затвор за онлајн пренос на убиства и силувања