Утрински Весник
Македонија

Се чисти Железничката станица во Скопје

1000073550 1.jpg

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: 

” По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје.


Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град.

Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект “накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена.

Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности.

За старт се отстранија сите билборди и светлосни реклами (остана уште една светлосна на Хамза Донер кои одбиваат да ја извадат, истите доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат), потоа се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена.

Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица.

Можете да прочитате

13 годишно дете повредено по пад од електричен тротинет

Уапсен косовски водич во автобус, се обидел да поткупи полицаец

Велосипедист удрен од автомобил во центарот на Скопјe