Утрински Весник
Свет

Трамп: Договорот со Иран во голема мера е завршен, наскоро конечните детали

Tramp carini 4.jpg

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави дека договорот со Иран за завршување на војната и отворање на Ормутскиот теснец бил „претежно договорен“ по разговорите со Израел и другите сојузници во регионот.

„Конечните детали од договорот моментално се разгледуваат и наскоро ќе бидат објавени“, изјави Доналд Трамп вчера на социјалните мрежи, без детали.


Трамп изјави дека разговарал со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар, Пакистан, Турција, Египет, Јордан и Бахреин, а одделно и со Израел.

Тој го окарактеризира договорот како „Меморандум за разбирање поврзан со мирот“ кој сè уште треба да биде финализиран од Вашингтон, Техеран и другите земји вклучени во разговорите.

Трамп рече дека разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој врши притисок врз САД да влезат во војна, поминал „многу добро“.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа