Утрински Весник
Македонија

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Ccb14409 fd09 4376 ba63 940473b2bbcb.jpeg

Триесет и шестгодишен државјанин на Северна Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот Пух-Урштајн во близина на Салцбург.

Според информациите од австриската полиција, акцијата за апсење била спроведена во населбата Елизабет-Форштат, во близина на главната железничка станица во градот.


Истражителите наведуваат дека жртвата починала како последица на тешките телесни повреди здобиени при нападот.

Иако германските и австриските власти засега официјално не потврдуваат дека станува збор за истиот случај, повеќе детали упатуваат дека уапсениот е поврзан со грабежот што се случи за време на првиот мајски викенд во Келн.

Тогаш, според германските медиуми, непознати сторители провалиле во бунгалов на 93-годишен маж, физички го нападнале, а потоа го пребарале домот и избегале со пленот. На 3 мај, неговите деца го пронашле мртов во куќата, а обдукцијата покажала дека смртта настапила како последица на тешките повреди.

Германската полиција претходно уапсила двајца осомничени – 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагало.

По последното апсење во Австрија, во тек се дополнителни истраги и координација меѓу австриските и германските правосудни органи околу можната екстрадиција на осомничениот во Германија.

Можете да прочитате

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување