Утрински Весник
Македонија

Уапсен возачот кој вчера во Скопје со возило удри во 13-годишен велосипедист

Lisen od sloboda vozacot koj vcera vo skopje so vozilo seat udri vo 13 godisen velosipedist image.jpg

На 14.05.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Коце Металец“ во Скопје,  патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во  Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот А.П. е лишен од слобода по член 300 од Кривичниот законик.


По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески