Утрински Весник
Македонија

Градежен работник тешко повреден при пад од објект

Brza Pomos 2.jpg

На 12.05.2026 во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди  бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни  работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина.

Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” – Скопје за понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.  

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно му диктира задачи на Обвинителот – Савески треба да си поднесе оставка

Нападнати полицајци на Бит Пазар и во Кисела Вода

Уапсени две лица во Свети Николе и Куманово, управувале мопеди без дозвола и под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи