Утрински Весник
Македонија

„Одговорност и вистина“ – Битиќи се потсети на оставката по изборниот пораз

Img 3745.jpeg

Пратеникот во Собранието на РСМ, Фатмир Битиќи, преку објава на социјалните мрежи упати порака за потребата од вредносно преиспитување во политиката, осврнувајќи се и на состојбите во СДСМ по изборниот пораз.

Во својот фејсбук статус, Битиќи ја цитираше мислата на Енди Ворхол: „Луѓето велат дека времето ги менува работите, но всушност ти мораш сам да ги промениш.“


Тој порача дека политички и вредносно се старее тогаш кога поразот ќе помине, а лекциите од него ќе останат ненаучени.

„Минувањето на времето не е доволно за повторно да се заслужи довербата. Потребна е храброст за социјалдемократска будност и политичка обврска кон правичноста, солидарноста, еднаквоста и почитта кон различностите,“ напиша Битиќи.

Пратеникот потсети дека по изборниот пораз пред две години поднел оставка од потпретседателската функција во СДСМ, оценувајќи дека тоа било чин на одговорност и порака дека социјалдемократската идеја може да опстане само ако има сила да се соочи со вистината.

„Најважното прашање остана неодговорено: Што се промени вредносно? Дали се слушна гласот или само се помина низ деновите, месеците и годините со надеж дека политичката доверба сама ќе се врати?“ прашува Битиќи во објавата.

Тој нагласува дека социјалдемократската идеја не може да ја изгуби својата сила, туку може да ослабне само политиката што ќе престане вредносно да се преиспитува и менува.

Можете да прочитате

Филипче: Македонските работници имаат најниски плати во Европа

Македонски и турски војници од ЕУФОР спасија две лица од возило кај Тузла

Николоски: Дел од опозицијата сака да влезе во Владата