Утрински Весник
Свет

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

Rubio.webp.webp

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува Иран во следните часови да претстави сериозен предлог за прекин на огнот.

Тој по средбите во Рим со италијанската премиерка Џорџа Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани, наведе дека „очекува конкретни потези во наредните часови“, нагласувајќи дека Иран е поделен, но оти се надева на сериозна понуда.


– Ќе видиме што ќе се случи, очекувам развој на настаните во наредните часови – истакна Рубио.

Тој потенцира дека западните држави мора да ги штитат своите економски интереси и ја нагласи важноста од слободна пловидба и поморската безбедност на клучните меѓународни правци, како и завршување на војната во Украина.

Можете да прочитате

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО

Арагчи: САД се одлучуваат за воена авантура секогаш кога на масата е решение

Лавров: Русија безмилосно ќе одговори на заканите со попречување на прославата на Денот на победата