Утрински Весник
Македонија

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: Набавката на ВЛТ апаратите била спроведена согласно претходно усвоени планови, терминалите никогаш не биле пуштени во употреба

Lotarija.webp.webp

Постапката за набавка на ВЛТ терминали во АД „Државна лотарија“ била спроведена врз основа на претходно усвоени планови и одлуки на органите на управување, а набавените апарати никогаш не биле ставени во употреба и сè уште се наоѓаат во магацините на компанијата, изјави денеска сведокот Александар Андонов, член на комисијата што ја спровела јавната набавка, на судењето за предметот „Државна лотарија“.

Андонов, кој моментално е директор на Секторот за спречување перење пари и финансирање тероризам во Државна лотарија, сведочеше дека како член на комисија составена од пет члена учествувал во постапката за набавка на ВЛТ терминалите, но дека комисијата постапувала по претходно донесени одлуки.


– Ние како комисија постапувавме по претходно веќе донесени одлуки. Истата требала да биде и била предвидена во планот за јавни набавки. Планот за јавни набавки претставува еден вид на документ, односно план во кој што се наведени сите планирани јавни набавки кои што треба да се преземат од страна на друштвото согласно целисходноста и потребата која што ја утврдуваат органите на управување во Државна Лотарија. Планот за јавни набавки како таков, процедурално и согласно нашите интерни акти го донесува Управниот одбор на друштвото, планот за јавни набавки не значи дека сѐ што е во него наведено треба да се спроведе како постапка, сепак тоа зависи од потребата на друштвото – рече сведокот.

Во продолжение го образложи начинот на кој се планираат и одобруваат набавките во компанијата, посочувајќи дека покрај планот за јавни набавки постои и финансиски план.

– Финансискиот план се усвојува од Управен одбор на Државна Лотарија по претходно одобрување од Надзорен одбор, при што согласно интерните процедури, како и до сега, на крај финансискиот план се доставува на разгледување до единствениот акционер на Државна Лотарија – Владата. Откако ќе се донесат овие првенствени акти имаме веќе основ за спроведување на таква постапка, планирана јавна набавка – изјави Андонов.

Според неговото сведочење, пред самото распишување на јавната набавка била спроведена посебна претходна постапка во која се собирала документација за утврдување на законитоста и оправданоста на набавката.

– Фаза 2 е претходната постапка која претходела на донесување на одлуката за формирање на комисија и за отпочнување постапка за јавна набавка која е во надлежност на органите на управување, т.е. генералниот директор, Управен одбор, Надзорен одбор, единствениот акционер, секој во рамките на своите надлежности. Во оваа постапка се прибираат сите документи како претходна постапка за утврдување на легалитетот на постапката, целисходноста на истата и дали таа била потребна – рече тој.

По завршување на таа фаза, како што посочи, била донесена одлука за јавна набавка и формирана комисија која ја спровела постапката преку Електронскиот систем за јавни набавки.

– По спроведување на претходната постапка од фаза 2 беше пристапено кон донесување на одлука за јавна набавка и формирање комисија, при што ние како комисија за јавната набавка, истата ја спроведовме преку електронскиот систем за јавни набавки ЕСЈН. Во јавната набавка беа доставени три понуди по што првичната тричлена комисија пристапи кон утврдување на формално правниот елемент на истите, додека техничката комисија пристапи кон утврдување на тоа дали понудените апарати ги исполнуваат техничките барања од техничката спецификација. По спроведување на таа постапка беше извршена евалуација при што беше изготвен записник, па извештај, по што беше донесена одлука за избор на најповолни понудувачи – рече Андонов.

Сведокот наведе и дека по донесувањето на одлуката за избор и по склучувањето на рамковните спогодби, набавката била предмет на управна контрола од Бирото за јавни набавки.

– Во моментот на закачување на тие документи, а имајќи предвид висината на износот на таа јавна набавка, бевме соочени со управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки. Бирото како надзорен орган на јавните набавки што се спроведуваат во конкретната управна контрола што ја спроведе кај нас за конкретната јавна набавка имаше за цел да направи проверка на усогласеноста на јавната набавка со одредбите од Законот за јавни набавки, односно дали истата беше спроведена во согласност со Постапката за набавка на ВЛТ терминали во АД „Државна лотарија“ била спроведена врз основа на претходно усвоени планови и одлуки на органите на управување, а набавените апарати никогаш не биле ставени во употреба и сè уште се наоѓаат во магацините на компанијата, изјави денеска сведокот Александар Андонов, член на комисијата што ја спровела јавната набавка, на судењето за предметот „Државна лотарија“.

Андонов, кој моментално е директор на Секторот за спречување перење пари и финансирање тероризам во Државна лотарија, сведочеше дека како член на комисија составена од пет члена учествувал во постапката за набавка на ВЛТ терминалите, но дека комисијата постапувала по претходно донесени одлуки.

– Ние како комисија постапувавме по претходно веќе донесени одлуки. Истата требала да биде и била предвидена во планот за јавни набавки. Планот за јавни набавки претставува еден вид на документ, односно план во кој што се наведени сите планирани јавни набавки кои што треба да се преземат од страна на друштвото согласно целисходноста и потребата која што ја утврдуваат органите на управување во Државна Лотарија. Планот за јавни набавки како таков, процедурално и согласно нашите интерни акти го донесува Управниот одбор на друштвото, планот за јавни набавки не значи дека сѐ што е во него наведено треба да се спроведе како постапка, сепак тоа зависи од потребата на друштвото – рече сведокот.

Во продолжение го образложи начинот на кој се планираат и одобруваат набавките во компанијата, посочувајќи дека покрај планот за јавни набавки постои и финансиски план.

– Финансискиот план се усвојува од Управен одбор на Државна Лотарија по претходно одобрување од Надзорен одбор, при што согласно интерните процедури, како и до сега, на крај финансискиот план се доставува на разгледување до единствениот акционер на Државна Лотарија – Владата. Откако ќе се донесат овие првенствени акти имаме веќе основ за спроведување на таква постапка, планирана јавна набавка – изјави Андонов.

Според неговото сведочење, пред самото распишување на јавната набавка била спроведена посебна претходна постапка во која се собирала документација за утврдување на законитоста и оправданоста на набавката.

– Фаза 2 е претходната постапка која претходела на донесување на одлуката за формирање на комисија и за отпочнување постапка за јавна набавка која е во надлежност на органите на управување, т.е. генералниот директор, Управен одбор, Надзорен одбор, единствениот акционер, секој во рамките на своите надлежности. Во оваа постапка се прибираат сите документи како претходна постапка за утврдување на легалитетот на постапката, целисходноста на истата и дали таа била потребна – рече тој.

По завршување на таа фаза, како што посочи, била донесена одлука за јавна набавка и формирана комисија која ја спровела постапката преку Електронскиот систем за јавни набавки.

– По спроведување на претходната постапка од фаза 2 беше пристапено кон донесување на одлука за јавна набавка и формирање комисија, при што ние како комисија за јавната набавка, истата ја спроведовме преку електронскиот систем за јавни набавки ЕСЈН. Во јавната набавка беа доставени три понуди по што првичната тричлена комисија пристапи кон утврдување на формално правниот елемент на истите, додека техничката комисија пристапи кон утврдување на тоа дали понудените апарати ги исполнуваат техничките барања од техничката спецификација. По спроведување на таа постапка беше извршена евалуација при што беше изготвен записник, па извештај, по што беше донесена одлука за избор на најповолни понудувачи – рече Андонов.

Сведокот наведе и дека по донесувањето на одлуката за избор и по склучувањето на рамковните спогодби, набавката била предмет на управна контрола од Бирото за јавни набавки.

– Во моментот на закачување на тие документи, а имајќи предвид висината на износот на таа јавна набавка, бевме соочени со управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки. Бирото како надзорен орган на јавните набавки што се спроведуваат во конкретната управна контрола што ја спроведе кај нас за конкретната јавна набавка имаше за цел да направи проверка на усогласеноста на јавната набавка со одредбите од Законот за јавни набавки, односно дали истата беше спроведена во согласност со Законот за јавни набавки. По завршување на управната контрола добивме записник, по записникот беше спроведена постапката за ВЛТ терминали – рече тој.

На прашање што се случило со набавените терминали, Андонов одговори дека тие никогаш не биле ставени во функција.

– Тие никогаш не беа ставени во употреба за потребите на Државна лотарија. Од страна на надлежниот сектор за спроведување на барање до УЈП и Министерството за финансии беа доставени барања, меѓутоа, имајќи предвид дека апаратите моментално се наоѓаат во магацините на Државна лотарија и истите не се ставени во употреба, не можам да кажам во кој дел сме добиле позитивни или негативни решенија за пуштање во употреба, а имајќи предвид дека сите нарачани апарати се во магацините на Лотарија – изјави сведокот.

Во врска со причините поради кои терминалите не биле ставени во употреба, Андонов рече дека не може да даде одговор бидејќи одлуките ги носеле надлежните институции.

– Имајќи предвид дека ние од Државна Лотарија доставивме барање за ставање во употреба на ВЛТ апарати, а решенијата всушност се носат од надлежните институции, УЈП и Министерството за финансии, па од тие причини не знам да кажам зошто овие ВЛТ апарати не се ставени во употреба – рече тој.

Одговарајќи на прашања од одбраната на Перпарим Бајрами, сведокот изјави дека не може точно да се сети дали за набавката постоела целокупната документација, но посочи дека постапката завршила со склучување договор.

– Не можам да се сетам точно, штом постапката е завршена и стигнала до договор, бараните документи биле доставени, а во однос на техничкиот дел, дали се исполнети тогаш не можам да кажам – рече Андонов.

Во делот што се однесуваше на финансискиот план, тој не се согласи со тезата дека документот се носи само еднаш годишно и потоа не се менува.

– Не се сложувам, затоа што во текот на годината се прават измени на финансискиот план, и тие измени се веќе согласно начинот, целите и политиката на органите на управување во Државна лотарија – изјави тој.

На прашања од одбраната на Бојан Јанев дали во подготовката на набавката биле прибавени правно мислење и физибилити студија, Андонов рече дека не е запознаен.

– Не сум запознаен со тоа бидејќи ние како комисија само ги прегледувавме понудите – одговори сведокот.

Тој потврди и дека сите набавени ВЛТ апарати се наменети за електронски игри на среќа.

На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот се согласи дека предлог-одлуките што ги подготвуваат стручните служби не значат и нивно автоматско усвојување од страна на надлежните органи.

– Да, се согласувам, така е, рече Андонов на констатацијата дека самото постоење на предлог-одлука изготвена од Секторот за правни работи не значи дека Надзорниот одбор по автоматизам мора да ја донесе таа одлука.

На претходното рочиште сведочеше Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во друштвото, кој изјави дека во мандатот на поранешниот директор Перпарим Бајрами биле иницирани повеќе развојни проекти, меѓу кои „Ново ВЛТ“, интернет-платформата „Мегавин.мк“ и иницијативата Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа.

Во предметот „Државна лотарија“, покрај Артан Груби и Перпарим Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети претходно се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Судењето продолжува на 20 октомври.Законот за јавни набавки. По завршување на управната контрола добивме записник, по записникот беше спроведена постапката за ВЛТ терминали – рече тој.

На прашање што се случило со набавените терминали, Андонов одговори дека тие никогаш не биле ставени во функција.

– Тие никогаш не беа ставени во употреба за потребите на Државна лотарија. Од страна на надлежниот сектор за спроведување на барање до УЈП и Министерството за финансии беа доставени барања, меѓутоа, имајќи предвид дека апаратите моментално се наоѓаат во магацините на Државна лотарија и истите не се ставени во употреба, не можам да кажам во кој дел сме добиле позитивни или негативни решенија за пуштање во употреба, а имајќи предвид дека сите нарачани апарати се во магацините на Лотарија – изјави сведокот.

Во врска со причините поради кои терминалите не биле ставени во употреба, Андонов рече дека не може да даде одговор бидејќи одлуките ги носеле надлежните институции.

– Имајќи предвид дека ние од Државна Лотарија доставивме барање за ставање во употреба на ВЛТ апарати, а решенијата всушност се носат од надлежните институции, УЈП и Министерството за финансии, па од тие причини не знам да кажам зошто овие ВЛТ апарати не се ставени во употреба – рече тој.

Одговарајќи на прашања од одбраната на Перпарим Бајрами, сведокот изјави дека не може точно да се сети дали за набавката постоела целокупната документација, но посочи дека постапката завршила со склучување договор.

– Не можам да се сетам точно, штом постапката е завршена и стигнала до договор, бараните документи биле доставени, а во однос на техничкиот дел, дали се исполнети тогаш не можам да кажам – рече Андонов.

Во делот што се однесуваше на финансискиот план, тој не се согласи со тезата дека документот се носи само еднаш годишно и потоа не се менува.

– Не се сложувам, затоа што во текот на годината се прават измени на финансискиот план, и тие измени се веќе согласно начинот, целите и политиката на органите на управување во Државна лотарија – изјави тој.

На прашања од одбраната на Бојан Јанев дали во подготовката на набавката биле прибавени правно мислење и физибилити студија, Андонов рече дека не е запознаен.

– Не сум запознаен со тоа бидејќи ние како комисија само ги прегледувавме понудите – одговори сведокот.

Тој потврди и дека сите набавени ВЛТ апарати се наменети за електронски игри на среќа.

На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот се согласи дека предлог-одлуките што ги подготвуваат стручните служби не значат и нивно автоматско усвојување од страна на надлежните органи.

– Да, се согласувам, така е, рече Андонов на констатацијата дека самото постоење на предлог-одлука изготвена од Секторот за правни работи не значи дека Надзорниот одбор по автоматизам мора да ја донесе таа одлука.

На претходното рочиште сведочеше Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во друштвото, кој изјави дека во мандатот на поранешниот директор Перпарим Бајрами биле иницирани повеќе развојни проекти, меѓу кои „Ново ВЛТ“, интернет-платформата „Мегавин.мк“ и иницијативата Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа.

Во предметот „Државна лотарија“, покрај Артан Груби и Перпарим Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети претходно се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Судењето продолжува на 20 октомври. 

Можете да прочитате

Немам верба во државата – Таткото на судијата Ристов објасни зошто ги криел 350.000 евра во ѕид

10 возачи приведени, девет возеле без положен возачки испит

ВЛТ терминалите никогаш не проработеле – се чекале дозволи од УЈП и Министерството за финансии