Утрински Весник
Македонија

Работникот во Македонија: тивок столб или заборавен човек?

Adria forum 0424 251007 vid.jpg

Пишува: Проф.Др. Иван Анастасовски

Гледајќи дома за празникот на трудот 1 Мај филм кој е снимен за работничка класа во Лондон во доцните 50 години се вика “Mrs. Harris Goes to Paris” а се однесува на тоа дека во Лондон во 1957 година, г-ѓа Ада Харис, вдовица, работи како чистачка. Иако е вредна и дарежлива, клиентите на г-ѓа Ада и покажуваат многу малку внимание и почит за возврат, па затоа се решава да оди во Париз. Што ми е поентава, имено, во една од последните сцени во градот на светлината таа г-ѓа Харис запознава фино дотеран човек од радничка класа кој во една сцена и вели цитирам “работникот во Франција е Крал“.


Тргаме, кај нас во Македонија често зборуваме за политика, за идентитет, за Европа, за големи стратегии и историски прашања. Но ретко кога зборуваме за човекот особено за оној човек кој секое утро станува во шестчасот, оди на работа, молчи, трпи, кроток е, но во реалност ја држи оваа држава во живот.

Кога пишувам за работникот, не мислам за оној работник кој политичарите го спменуваат во говори и кампањи за време на избори, туку за оној вистинскиот, оној во фабрика, во продавница, на градилиште, во училна, и во канцеларија. Оној што не бара многу, но секој ден дава се, оној што не се појавува на телевизија, но без него ништо не би можело да функционира.

Во јавниот дискурс, работникот постои само како бројка, преку просечна плата, статистика, преку процент. Но зад тие бројки стојат луѓе кои преживуваат, не живеат, луѓе кои работат цел месец, а на крај се прашуваат дали ќе им стигне за основните потреби за живот.

И тука доаѓаме до суштинскиот проблем кај нас во Македонија работата повеќе не гарантира достоинство, таа само овозможува да се преживее. Да имаш работа некогаш значеше сигурност, денес тоа често значи одреден компромис со платата, со времето, најважно со здравјето, и конечно со она што значи сопствено достоинство (непроценливо). Работникот е ставен во позиција да биде благодарен што воопшто има работа, наместо да бара услови што ги заслужува.

Се создаде опасен наратив дека проблемот е во работниците, дека тие не се доволно продуктивни, дека не се доволно квалификувани (овде може да држи тезата до некаде, но нека ги укинат маалските Универизитети), дека нашите млади не сакаат да работат, дека сакаат брзи пари и слично. Но вистината за жал е поинаква, многумина од кај нас од нашата држава не бегаат од недостиг на работа, туку бегаат од системот кој не ги почитува, не ги вреднува па дури ги омаловажува.

Затоа и заминувањето од Македонија не е само економска одлука на семејствата, таа е одлука за достоинство, за стабилен живот за вистински вредности и тоа пак за жал во таа толку навредувана Европа која сепак знае да го вреднува и почитува работникот.

Кога еден работник заминува, тој не ја напушта само работата, тој ја напушта идејата дека тука може да се живее чесно од труд, и тоа претствува една од најголемата загуба за една држава. Парадоксот е очигледен, сите зборуваме за развој, инвестиции, економија, а го заборавме најважниот фактор т.е. човекот што работи, и него го оставаме на маргините на општеството, и тоа без вистинска заштита, без јасна перспектива, и без глас (го правиме клиентелист за избори).

Да не заборавиме, и да паметиме дека без работникотнема економија, нема раст и равој, и едноставно нема држава.

Можеби е време да престанеме да го славиме трудот само на празници (1 мај со скара), и да почнеме да го вреднуваме секој ден, не со зборови, туку со плати што овозможуваат живот, со услови што не понижуваат и со систем што не ги казнува оние што работат.

Затоа што вистинската сила на една држава не се мери во говори, ниту во ветувања, таа се мери во тоа како живее нејзиниот работник или секој еден поединец.

Има равенство помеѓу тоа ако нашиот работник е тивок, изморен и заборавен, тогаш и нашата државата е токму таква. Прашањето не е дали имаме работници.Прашањето е дали имаме држава што ги заслужува.

Знам дека не сме во можност да го идеализираме нашиот работник со крал, но барем имаме одговорност да му создадеме минимални услови за достоинствен живот.

Можете да прочитате

Маж пронајден починат во стан во Охрид

Спасен чешки државјанин заглавен со мотоцикл во планински предел кај Демир Капија

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево