Утрински Весник
Македонија

Не сакаме ни да помислиме што можеше да се случи – сведоштво на станари по утринскиот пожар во Кисела Вода

Bd879813 6354 4519 b373 c00417660b6e.jpeg

Станарите од зградата „Трим и Лум“ на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода велат дека утринешниот пожар можел да прерасне во трагедија од поголеми размери доколку не била брзата интервенција на надлежните служби.

Во своето сведоштво тие изразуваат благодарност до полициските службеници, Територијалната противпожарна единица и екипите на ЕСМ, кои, според нив, со навремена и координирана реакција успеале да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење.


„Не сакаме ниту да помислиме какви последици ќе имаше доколку пожарот се проширеше. Благодарение на професионалната реакција на службите, сè заврши без последици по здравјето и безбедноста на жителите“, велат станарите.

Тие апелираат надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот.

Воедно, жителите укажуваат и на, како што наведуваат, долгогодишен проблем со безбедноста во околината на зградата поради интензивните градежни активности. Според нив, градилиштето е неуредено, на повеќе места висат електрични кабли кои, како што тврдат, не се соодветно обезбедени, додека во непосредна близина секојдневно играат деца.

Станарите бараат итна инспекциска контрола и преземање мерки за обезбедување на градилиштето, со цел да се спречат нови инциденти и да се гарантира безбедноста на жителите и минувачите.

Можете да прочитате

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

78-годишник брутално ја претепал сопругата, заврши во притвор

Уапсен пироман во штипско, затекнат е како потпалува сува трева