Утрински Весник
Економија

СДСМ: 1 Мај – ден на борба, а не на празник, го поддржуваме  протестот на работниците

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. 


Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест.

Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни.

Само во последните месеци цената на основната синдикална кошничка се зголеми за 3.500 денари, работниците се со празни фрижидери и празни џебови.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ не презема ниту една мерка за заштита на животниот стандард на работниците и граѓаните.

СДСМ целосно го поддржува протестот на Синдикатот и ја поддржува праведната борба на работниците за корка леб, за достоинствена плата и човечки услови за живот.

Оваа влада не ги брани работниците, таа ги штити само своите тендери, своите профити и своите партиски бизнис интереси. 

Додека работниците се борат за преживување, Мицкоски и неговата тендер-коалиција се грижат само за своите џебови.

1.Мај нека биде ден на борба за правдина, а не ден на молчење пред неправдата.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Можете да прочитате

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење