Утрински Весник
Македонија

Први и втори мај променливо и ладно време, локален дожд и планински снег

Meteoalarm.mk 43.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија на 1  и на 2 Мај 2026 (петок и сабота) ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи.


Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец а температурите ќе бидат значително пониски од просечните  и ќе бидат пониски дури за 10 до 15 степени. И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и значително свежо со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен дожд.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 6 степени  па така особено на повисоките населени места  и на планините ќе има појава на утрински мразеви. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 1 и 5 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.

Можете да прочитате

Муцунски на IDU Форумот во Загреб: „Европа мора да направи исчекор кон проширување”

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски