Утрински Весник
Македонија

Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета мигрантка – не се докажа умисла

Pistol e1729951316389.jpg

Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за полициски службеник, од чиј службен пиштол била ранета мигрантка, откако во првостепената постапка не се докажа дека тој постапувал со умисла.

Во конкретниот случај, обвинението од страна на јавниот обвинител било поставено за кривично дело сторено со умисла. Според изведените докази во судницата, неспорно било утврдено дека оштетената мигрантка била погодена со куршум кој потекнувал од службениот пиштол на обвинетиот полициски службеник.


Сепак, фактичката состојба покажала дека непосредно пред испукувањето, додека обвинетиот имал оружје во рака, дошло до физички контакт и туркање со друго лице, по што следело испукувањето на куршумот. Првостепениот суд оценил дека ваквиот тек на настаните не докажува дека обвинетиот постапувал со умисла.

По укинувањето на претходната првостепена одлука и при повторното постапување на судот, јавниот обвинител не го изменил обвинението. Со оглед на тоа, првостепениот суд бил обврзан да одлучува исклучиво во рамките на така поставеното обвинение.

Бидејќи делото било поставено токму на основа на умисла, а истата не била докажана, судот донел ослободителна пресуда за полицискиот службеник.

Можете да прочитате

Трипуновски од Делчево: Продолжуваме со кампањата што ја започнавме, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците 

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око

Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити