Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Швајцарија е еден од нашите најзначајни партнери во развојната соработка 

645419645 1519403952874859 3874290122616942096 n.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски му посака добредојде на претседателот на Швајцарската конфедерација. Мицкоски е сигурен дека се поминало прекрасно.

,,Имавме навистина една прекрасна работна средба, прекрасен работен ручек со високата делегација којашто Н.Е. претседателот на Швајцарската конфедерација ја донесе со себе овдека. Ние исто така од страна на Владата и претставници од бизнис заедницата бевме присутни на таа, би рекол билатерална средба.” – вели Мицкоски.


Мицкоски информираше дека разговарале за сите можности и предизвици. Вели дека е убеден дека во периодот којшто следи билатерални односи ќе го достигнат она ниво коешто го очекуваат, посебно во делот на економската соработка и трговската размена.

,,И од мое име и од името на македонската Влада, македонските граѓани сакам да се заблагодарам лично на Н.Е. претседателот на Швајцарската конфедерација за целокупната помош којашто ја даваат и за целата поддршка што ја имаат кон нас како држава. Јас како претседател на македонската Влада можам да кажам дека ќе работиме интензивно на зајакнување и подигнување на повисоко ниво на нашите билатерални односи. Уште еднашка благодарам на Н.Е. претседателот на Швајцарската конфедерација.” – истакна премиерот.

Можете да прочитате

Работник на „Комуналец“ Гостивар починал при чистење на канал за вода

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции