Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се соочува со сопствениот политички крај

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Прес-конференцијата на Филипче не претставува ништо повеќе од очаен политички настап на човек кој веќе е свесен дека ја губи поддршката и незапирливо тоне.


Филипче денес не ја напаѓа содржината на предложените законски решенија затоа што знае дека тие се издржани и во интерес на државата, туку се обидува да создаде вештачка политичка драма околу укинувањето на т.н. техничка влада.

Денес, кога институциите се стабилизираат и се враќа нормалниот демократски поредок, СДС панично се обидува да го задржи механизмот што им служеше како политички штит.

Оваа реакција на Филипче е класичен пример на политичка дезориентација затоа што од една страна се повикува на демократија, а од друга страна се противи на враќање на нормалноста во функционирањето на државата. Тоа е страв од изборен пораз кој Филипче денес јавно го признава.

ВМРО-ДПМНЕ јасно знае што прави. Предложените законски решенија се дел од поширока визија за стабилна, функционална и одговорна држава, ослободена од модели и политички компромиси што ја деградираа државата институционално. Нашата политика не се темели на дневнополитички калкулации, туку на долгорочни системски решенија.

За разлика од Венко, кој живее во наратив на лаги и измислувања, ВМРО-ДПМНЕ работи со јасна стратегија, со конкретни цели и со одговорност кон граѓаните. Овие реформи ќе бидат реализирани не затоа што некој тоа го сака политички, туку затоа што државата тоа го заслужува.

Можете да прочитате

Заврши стечајот за „Еурокомпозит“, македонско-полски инвеститори ја преземаат компанијата – МВР ја укина дозволата за сопствено обезбедување

Три нови синдикални организации во државни институции

Демократска Партија на Турците на Македонија одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на измените на Законот за високото образование