Утрински Весник
Македонија

МП: Зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството

22.jpg

Денеска се одржа третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството.

„Како Министерство за правда, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа. Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите.


Особено е важно што денеска ги заокруживме клучните процеси за функционирање на Советот за следење на реформите во правосудството. Донесовме Деловник за работа, а Методологијата за следење и евалуација на Секторската стратегија за правосудство 2024–2028 година беше усвоена едногласно. Со тоа поставуваме цврста основа за поголема ефикасност, транспарентност и отчетност во следењето на реформските процеси.

Нашиот фокус останува на конкретни резултати, особено на мерките со рок до јуни 2026 година. Ќе продолжиме со интензивна работа, во партнерство со сите релевантни институции, меѓународната заедница и експертската јавност“ велат од Министерството за правда.

Можете да прочитате

Ревизорите со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Утрово голема акција на повеќе од 20 локации: Под истрага мрежа за шверц на цигари

За 35 отсто помалку загинати во сообраќајот – „Безбеден град“ дел од мерките на МВР