Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака шверцески да ја укине техничката влада 

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени и сè потежок живот, а владата на Мицкоски нема решенија. 


Нема зголемување на платите, нема мерки за подобар стандард, економијата тоне. Снемува пари. А кога ќе снема пари во буџетот… ете ни избори.

Сѐ што СДСМ го посочуваше изминатиот период се потврдува.

Власта шверцерски протнува законски измени на Законот за Влада, сакаат да ја укинат техничката влада односно единствениот механизам за контрола во изборен период.

Ова доаѓа по силниот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ОКГ од над 150.000 гласови.

Падна и менторот на Мицкоски – Виктор Орбан, се очекуваат сите процеси во Унгарија за испитување на бизнис релациите да започнат со формирањето на новата влада.

Очигледно почнува да му се брза на Мицкоски.

Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со подобни обвинители и судии блиски до Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства”. 

Сите институции се партизирани и поклопени, се спроведува брутална партизација и на МВР.

Не ги прифатија законските измени за заштита на граѓаните од злоупотреба на податоците  и видео снимките од „Сејф сити”.

Црната кампања преку Орбановата мрежа на медиуми е во полн ек.

Институциите со месеци не постапуваат по пријавите за корупција и криминал на СДСМ за власта.

Сега им снемува пари, се менуваат закони.

Ваквите закони во времето на СДСМ се носеа со консензус а не шверцерски како што тоа се обидува да го направи владата на ВМРО. Зошто сега турка без согласност на СДСМ?

СДСМ предупредува, секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад врз демократијата и слободните избори и ние ќе се спротивставиме.

Можете да прочитате

Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

ЦУ: Етапно царинење на употребувани автомобили и користење на други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем кој е хакиран

Минчев: Инвестицијата во знаење и компетенции е инвестиција во силни институции и одржлива европска иднина