Утрински Весник
Македонија

Скандал на Филозофски, студени се запишувале на постдипломски без завршени додипломски

Ukim Univerzitet Sv Kiril I Metodij Kovid Protokoli 3 Bg Resize.jpg

Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инспекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите, објави „МКД.мк“.

Според сознанијата, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите.


Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет – Скопје чини 5-6 илјади евра.

Студентите сега си ги бараат парите назад, но не добиваат никаков одговор од деканатот.

Неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати.

Од Министерството за образование информираат дека по поднесена пријава Државниот просветен инспекторат спровел вонреден инспекциски надзор. По извршениот надзор било утврдено дека на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје биле запишувани студенти на втор и трет циклус на студии (магистерски и докторски студии) без исполнување на условите предвидени со Законот за високото образование.

Можете да прочитате

Почина и новинарката Лилјана Алтипармакова

Стружанец измамен за над 2000 евра

Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева