Утрински Весник
Македонија

За 24 часа уапсени пет лица за семејно насилство

Nasilstvo.webp.webp

На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. 

На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка. 


На 23.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 24-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.А..
 
На 23.03.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А (59) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга. 

На 23.03.2026  во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син. 

На 23.03.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека околу 20:30 часот во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, на нејзината 17-годишна ќерка ѝ биле упатени закани од нејзиниот поранешен партнер В.Б.(20), а откако истата излегла од објектот ѝ покажал дека носи огнено оружје. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и ја присилувал да биде со него. 

На 24.03.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека на 23.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзината ќерка А.М.К.(21) од Скопје, која претходно агресивно се однесувала и растурила дел од покуќнината. 

На 23.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на 21.03.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.(42) од Скопје, кој ѝ го одзел мобилниот телефон.
 
На 23.03.2026 во 21:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:40 часот во домот се заканувал на неговата 66-годишна мајка, откако не му го дала мобилниот телефон. Според пријавеното, тој  и претходно се заканувал на неговата мајка, а ѝ оштетил и неколку телефони. 

На 23.03.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.М.(51) од Скопје затоа што на 22.03.2026 во домот во скопско упатил закани на неговата 47-годишна сопруга и нејзините родители. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал на сопругата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси

СОС Детско село: 25 години менуваме животи

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти