Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот

Vmro Dpmne 1.jpg

ПР-от на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.


Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција.

Преку Зоран Башановиќ, и ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ се креира ПР стратегијата на СДС и се шират лаги и манипулации.

СДС и Филипче делуваат по насока на овие лица а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.

Дали политиките на СДС и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви?

Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДС, кој им ја креира политиката и во чии интереси делува СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Нападнат полицаец во Гази Баба

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот