Утрински Весник
Скопје

ДОМ: Чист воздух за Скопје – нула емисии од Цементарата Титан Усје

Dom logo.jpg

Соопштение за јавност на ДОМ:

Во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновоување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје”,  ДОМ уште еднаш ги истакнува и посочува стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот.


 Како одговорна зелена партија, јавно укажуваме и апелираме до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) по јавната расправа и при обновата на дозволата, од страна на цементарата „Титан Усје” мора да бидат безусловно исполнети следните барања:

·       НУЛА” емисии во рок од 6 месеци: Итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички (PM10 и PM2.5), како и системи за десулфуризација и денитрификација за запирање на емисиите на сулфур диоксид (SO2) и азотни оксиди (NOx). 

·       24/7 Јавен дигитален мониторинг: Податоците од оџаците да се емитуваат во живо на веб-страницата на МЖСПП и на јавни екрани во општината Кисела Вода.

·       Заштита од токсини: Задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен (Activated Carbon Injection) и вреќасти филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните. Со ова ќе се гарантира дека ниту една канцерогена материја нема да се испушта во воздухот додека трае процесот на преселување. 

Исто така предлагаме паралелно со овие процеси да се разгледува и можноста за  воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер” – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет. Тврдењата дека дислокацијата е „невозможна мисија” се должат на застарени економски модели. Потребно е да се размислува стратешки со цел да се најдат оптималните и најдобри решенија од кои бенефит ќе имаат државата и граѓаните, а не приватните корпорации на кои најважен и примарен им е профитот без разлика на последиците.

 Граѓаните на Скопје заслужуваат чист воздух и економски развој со хуман пристап, а не по цена на здравјето.

Можете да прочитате

Дислоцирани ситните продавачи во Шуто Оризари

Спортската сала ,,Работнички” годоби името на легендарниот тренер Лазар Лечиќ

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај