Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје Аеродром со „стотка“ против Работнички до полуфиналето во Купот

20260213163500 big 730x400 60.webp.webp

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одбраната на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово ја почнаа со победа над големиот ривал Работнички со 100:69 (25:24;27:17; 19:19; 29:9). Фаворитската улога бранителот на пехарот ја потврди пред сè со одличната последна четвртина која ја добија со 20 разлика.

Работнички беше конкурентен само во првата и третата четвртина првата ја загубија со 25:24, а третата заврши нерешено што покажува дека додека играчите имаа свежина беа конкурентни.

Најефикасен кај победникот беше Мек Смит-Мекејвен со 17 поени, додека уште четири други играчи беа двоцифрени. Најпрецизен на дуелот беше капитенот на Работнички Виктор Ефремовски со 26 поени.

МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето ќе игра со победникот од четвртфиналето меѓу Кожув и Маџари. Во последното четвртфинале играат домаќинот МКК Куманово и Пелистер.

Во првото четвртфинале ТФТ го совлада Феникс со 98:71.

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград