Утрински Весник
Македонија

Викенд куќа изградена без дозвола во Тетовско

Mvr Policija 4.jpg

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против две лица – Б.М. (45) од Германија и Џ.А. (54) од тетовското село Шипковица. Тие се осомничени за сторување на кривичните дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Според информациите од полицијата, во текот на 2023 година, Б.М. како инвеститор и Џ.А. како изведувач на градежните работи, изградиле викенд-објект на катастарска парцела во катастарската општина Шипковица, која е во државна сопственост. Објектот бил подигнат без претходно обезбедена дозвола за градба од надлежен орган.

Можете да прочитате

Жена на 61 година го роди своето прво дете

Во Струмичко претепале семејство и нападнале полицајци, сакале да грабнат жена

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре