Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните

Mickoski.jpg

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Онер Јакуповски за градоначалник на Општина Маврово Ростуше на повторените локални избори не е само локален резултат, туку јасна политичка порака дека граѓаните препознаваат работа, присуство на терен и одговорност, порака дека не се наградуваат празни зборови туку резултати, рече вечерва на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако соопшти дека тој го победил својот противкандидат од СДСМ со двојно повеќе гласови или над 1000 гласови разлика.

Оваа победа, вели тој, е резултат на концепт што постојано го градиме – скрмност, многу работа и реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.

-Во другите општини изборната трка се водеше меѓу кандидати на други политички партии. Во целокупната политична слика е повеќе од јасна – со денешниот ден се заокружува резултатот од локалните избори во целина. ВМРО-ДОМНЕ победи во вкупно 56 општини во Македонија, СДСМ во шест. Тоа не е случано тоа е јасен политички суд на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој оцени дека денешниот изборен ден во четири општини каде имаше повторени локални избори поминал во демократска мирна и достоинствена атмосфера и оти и покрај тешките временски услови граѓаните го оствариле своето право на глас.

-Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност. Овие избори покажаа дека институциите функционираат и дека демократските процеси се зацврстуваат. Во време на сериозни регионални и глобални предизвици ова е вредност што мора да се чува и надградува без разлика на политичките разлики, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Во Маврово и Ростуше, покрај Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ во трката за градоначалник беше и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ. 

Можете да прочитате

Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски, вели Мицкоски

Тешко повредена скопјанка, управувајќи велосипед паднала во одводна шахта

СДСМ: Нови луѓе на чело на општинските во Струмица, Шуто Оризари и Пробиштип