Утрински Весник
Свет

Отворена кривична истрага против сопствениците на барот во Швајцарија по смртоносниот пожар

Image 2026 01 02 112106501.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата.

– Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа Кран-Монтана. „Треба да се напомене дека презумпцијата на невиност се применува сè додека не се донесе правосилна пресуда“, нагласи полицијата.

Првичните резултати од истрагата за пожарот на новогодишната ноќ укажуваат на тоа дека пената на таванот се запалила поради искри од „прскалки“ (party fountains) кои биле поставени на шишиња со пијалак. Пожарот се проширил за многу кратко време. Покрај загинатите, 119 лица се повредени, повеќето сериозно.

Експертите за заштита од пожари веќе покренаа прашања за тоа дали барот имал доволно излези за итни случаи и дали материјалот на таванот (најверојатно поставен за звучна изолација) бил во согласност со законот.

Сопствениците на барот, брачниот пар од Франција Жак и Џесика Морети, изјавија за медиумите дека се скршени од трагедијата и дека соработуваат со властите за расветлување на катастрофата.

– По завршувањето на првичните истраги, кои беа спроведени под надзор на јавното обвинителство на Вале, синоќа беше отворена кривична истрага против двајцата управители на барот, наведува полицијата.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање