Утрински Весник
Македонија

Доаѓаат нови обилни дождови, од викендов заладување и снег на планините

Dozd.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова  и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер  и претстојната ноќ како и утре (Петок 21 Ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец  и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.

На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.

Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.

Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Можете да прочитате

Крилото на Села преминува во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски