Утрински Весник
Економија

Синдикалната минимална кошничка во септември изнесува 65.077 денари

Market.webp.webp

Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65.077 денари, што е намалување од 430 денари во однос на август. Трошокот за изнајмување стан од 60 квадрати во август изнесувал 80.452 денари. Минималната кошница за храна и пијалоци во септември е 23.394 денари, што е за 670 денари помалку отколку во август.

Ова ги покажува благо намалените трошоци за живот во септември според податоците од синдикалната минимална кошница, која ги следи основните потреби на работниците.


Можете да прочитате

Дурмиши: Инфлацијата е во стабилна состојба

Серафимовски: Органското производство го развиваме како дејност што создава повисока вредност и поголеми приходи

„Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување“