Утрински Весник
Свет

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени

2025 09 13 183219.jpg

Најмалку 25 лица се повредени во експлозијата на гас што се случи во бар во населбата Пуенте де Ваљекас во Мадрид јавува El Pais.

Од нив, тројца се во тешка здравствена состојба.


Експлозијата се случила околу 15 часот по локално време, на улицата Мануел Марото, во бар кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда.

Од силината на експлозијата се урнал дел од соседниот влез, како и еден од ѕидовите на самиот бар.

На местото на настанот пристигнале 13 припадници на Цивилната заштита и 17 пожарникари од Градското собрание на Мадрид.

Полицијата ја затворила улицата, а итните служби продолжуваат да го расчистуваат теренот и да ја обезбедуваат областа.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел