Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ ги запусти општините изминатите 4 години, од ветеното нема ништо 

Image 2025 09 06 105928150.png

Со оглед на лошите резултати на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво изминативе 4 години, кои се рефлектираат низ сите општини,  од Скопје, па до најмалите општини, граѓаните сè повеќе ја препознаваат политиката на СДСМ, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во гостувањето на „Вести Плус” на Канал 5.

– Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги запустија градовите, ништо стратешко не е реализирано, освен неколку чешми и бекатончиња. Од ветеното,  немаше ништо, рече Тренчевска.


Таа потенцираше дека анализите покажуваат дека СДСМ има одлични кандидати во многу општини, особено во места како Крива Паланка, Валандово, Центар, Крушево и други, каде што актуелните градоначалници го сменија ликот на градовите и покажаа што значи вистинско локално лидерство, рече Тренчевска.

Можете да прочитате

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство

Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство