Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на Коалиција ВЛЕН:

ДУИ, Бујар Османи, Артан Груби и Али Ахмети мислат дека набрзина ќе си ја избркаат „мувата од капата”, а всушност се разобличија сами.


ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија.

Потсетуваме:
Влезот на МТЕЛ во Македонија е во јули 2021 година – токму кога ДУУ беша власт, а Бујар Османи беше министер за надворешни работи, дополнително и министри за економија и финансии беа токму кадри од ДУИ, предложени од Али Ахмети.
Без политичка согласност од Владата во која учествуваше ДУИ и без постапки од министрите на ДУИ, МТЕЛ немаше да добие лиценца и да влезе на пазарот во Македонија.
Исто така, Валадата во која учествуваше ДУИ, онаа на Бујар и Артан донесе повеќе одлуки за да дозволи влез на капитал од српското и црногорското подземје во бизнисот со казина. Од три лиценци, две ги добија сомнителни бизнис компании од Србија и Црна Гора.
Денес ДУИ и Бујар Османи глумат загрижен за влез на српски капитал, а неговата влада го отвори пазарот и даде зелено светло.
Впрочем тоа што ДУИ е партија на црната листа е само последица на многуте информации за влез на сомнителни српски бизниси и капитал во Македонија, во времето на ДУИ.

ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија.

Со оглед на тоа, бараме од ДУИ и Бујар Османи јавно да одговорат:

Дали, според нашите информации, најавениот влез на „Алта банка” е резултат на многуте средби што тој и Али Ахмети ги имаа со претседателот Вучиќ и со други српски функционери? Дали постојат записници, кореспонденција и договори од тие средби – и ако постојат, зошто не се објавени? Дали памтат дека од сите тие средби, официјалните и неофицијалните, има и постојат фотографии?

Јавноста заслужува конзистентна политика и целосна транспарентност, а не дневни пресметки и префрлање вина. Ако ДУИ и Бујар Османи се искрени, нека ги објават сите документи и нека објаснат зошто во 2021 година нивната влада го поддржа влезот на МТЕЛ?

Можете да прочитате

Мигрант од Камерун со туѓа француска лична карта сакал да излезе од Македонија

„Паднав на скалите, ме извлекоа во паника“ – потресно сведоштво на преживеан од пожарот во „Пулс“

Малолетници опожариле автобус во Радовиш