Утрински Весник
Свет

Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет

20250623072904 big 730x400 42.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА.

„Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно да го направи Иран голем, зошто да не се случи промена на режимот?“ МИГА!“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, користејќи го акронимот MIGA за „Make Iran Great Again“, како алузија на акронимот MAGA, или „Make America Great Again“, што беше слоганот на претседателските кампањи на Трамп.


Тој додаде дека пилотите на американските бомбардери Б-2 кои ги извршија нападите врз иранските нуклеарни постројки безбедно слетале во американската сојузна држава Мисури.

„Ви благодарам за добро завршената работа! Доналд Џ. Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп.

Можете да прочитате

Американските напади врз иранските нуклеарни постројки се тест за границите на воената моќ

Арагчи во писмо до Гутереш пред СБ на ОН: Американските напади мора да бидат осудени

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД