Утрински Весник
Македонија

Крмов: Приватните инвеститори не смеат да ги кројат урбанистичките планови – Левица најави законски измени

Krmov.png

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, најави законски измени на Законот за урбанистичко планирање и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кои ќе се стави крај на можноста приватни лица да финансираат изработка на детални урбанистички планови.

Како што посочи Крмов, актуелните законски решенија од Законот за урбанистичко планирање, дозволуваат приватни субјекти да финансираат изработка на детални урбанистички планови. На тој начин, приватните инвеститори добиваат можност да влијаат врз урбанистичкото планирање и да ги кројат плановите според сопствените профитни интереси.


Од Левица оценуваат дека токму ваквите законски решенија се една од главните причини за урбанистичкиот хаос во македонските градови, каде што јавниот интерес и реалните потреби на граѓаните се потиснати од градежниот профит, а урбанистичките маркици сè почесто се планираат за згради наместо за инфраструктура и содржини што навистина им се потребни на жителите.

Крмов потсети дека претходно бил поднесен и амандман во оваа насока, кој власта го одбила. Со новите законски измени Левица повторно ќе побара да се отстрани законската можност приватниот капитал да има ваква улога во изработката на урбанистичките планови.

Урбанистичкото планирање мора да биде во функција на јавниот интерес, а не алатка во рацете на приватните инвеститори за остварување профит, е пораката што ја истакна Крмов.

Можете да прочитате

Лукаревска: Дел од поканетите сведоци по вторпат се на службен пат токму за Надзорната расправа за Алта банка

Сведок за пожарот во „Пулс“: Жариштето беше кај задната врата, а противпожарни апарати сум видела само во билетарата

ДОМ: Кој ќе има корист од новиот бизнис со дата-центри