Утрински Весник
Македонија

Честитка од Сиљановска – Давкова за муслиманскиот празник Курбан бајрам

Davkova.webp.webp

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.

Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан бајрам и од сѐ срце да Ви посакам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов.


Како празник на дарувањето и на помагањето, Курбан бајрам ја истакнува благородноста на човекот, мотивирајќи нè да се грижиме за сите членови на заедницата. Како општество, отсекогаш се истакнуваме со солидарноста, сплотеноста, почитта и грижата, и тоа мора и понатаму да го чуваме и да го негуваме.

Живееме во сложени и динамични времиња со тектонски политички и економски промени на глобално ниво, коишто бараат мудрост, заедништво и силна волја и истрајност.

Да се потпреме еден на друг, да ги развиваме емпатијата и солидарноста, и суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!

Честит Курбан бајрам, пишува во честитката.

Можете да прочитате

Гоце Тодоровски, Соња Михајлова и Снежана Коневски-Руси добитници на наградите за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Артан Груби конечно се огласи на Фејсбук по шест месеци бегство

Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце – Гевгелија