Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Иницијативата поднесена од Апасиев за одржување на надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Photo 2025 06 04 12 10 19.jpg

На денешната седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот и претседател на Комисијата, Димитар Апасиев, побара дополнување на Дневниот ред со Иницијатива за одржување на собраниска надзорна расправа за трагедијата во Кочани.

Оваа Иницијатива од страна на член на матично тело, како што посочи и пратеникот од Левица, е последно средство преку кое би се дошло до конечна собраниска расправа. Апасиев истакна дека оваа Иницијатива доаѓа откако Иницијативата за одржување на надзорна расправа понудена од страна на пратеникот од Левица од Изборна единица 3 – Борислав Крмов, со месеци не може официјално да се поднесе бидејќи не се собрани потребните 15 потписи, односно, потпишани се само шестте пратеници од Левица и никој друг.


За жал, мнозинството во Комисијата, предводено од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, гласаше против овој предлог на пратеникот Димитар Апасиев, и со три гласа „за” и девет „против” – Дневниот ред не беше дополнет со Иницијатива за одржување на надзорна расправа за пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани, велат од Левица.

Можете да прочитате

Ристески на трилатералната конференција „Зајакнати – развој на политики за вклучување на лица со попреченост”

Со сослушување сведок и вешти лица продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во Капиново

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка