Утрински Весник
Македонија

Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период

Pozarnikari Skopje.jpg

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари.

Со оваа мерка како Влада сакаме да постигнеме навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период.


Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба.

Воедно, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани.

Како Влада остануваме целосно посветени во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните.

Здравата животна средина и заштита на здравјето на граѓаните, но и заштита од вакви катастрофални појави во летниот период е наш приоритет.

Владата работи на целосна трансформација на државата.

Држава на патот на промените!

Можете да прочитате

МВР со записник за синот на директорката во Демир Хисар – влегол во училиштето без дозвола

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

Меџити: 24 години од Охридскиот рамковен договор – трајна обврска за заедништво и еднаквост