Утрински Весник
Македонија

Врачување на наградата „Роман на годината“ на Калина Малеска

20250527164657 big 730x400 43.webp.webp

Во Драмскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“.

Годинашен лауреат е романот „Светот што го избрав“ („Или-или“) од Калина Малеска, а оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева.


На свеченоста ќе настапи и џез бендот на Гоце Стевковски.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ во вредност од 150.000 денари.

Годинава наградата „Роман на годината“ се доделува 26-ти пат. Минатогодишен лауреат беше романот „Единствен матичен број“ („Три“) на Лидија Димковска.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлација од 4,8 отсто, властите да ги прифатат нашите предлози за укинување на ДДВ за храна

Влен: Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

24 години од масакрот кај Карпалак – сеќавање на загинатите бранители