Утрински Весник
Македонија

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Image 2025 05 04 095750100.png

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се дел од владината полтикика за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии и нови дестинации за граѓаните, објави преку видео порака на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.


“Утрово слетаа првите авиони од Барселона и Лион. Тоа значи многу за зголемување на туризмот и за подобрување на економијата во Македонија. Со новите летови кои што Владата ги обезбеди, придонесуваме да се зголеми бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Со директните летови од Шпанија-Барселона и Франција-Лион, секако дека многу ќе придонесеме во оваа насока.

Политикита на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги дава првите резултати. За неколку месеци имаме десет нови дестинации од двата аеродроми. Ветувам уште многу нови дестинации, уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, многу повеќе туристи, повеќе можности за размена, многу повеќе луѓе кои ќе доаѓаат за бизнис во Македонија и уште многу повеќе луѓе кои што ќе патуваат. Нека е со среќа и за убаво”- се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Можете да прочитате

Субвенциониран студентски оброк, студентите бараат + 10 денари, министерката ќе чека ребаланс

Хероите на Дојран: Двајца другари со свои раце го чистат каналот за да го спасат езерото

Филипче: До крајот на неделата СДСМ ќе излезе со работна верзија на резолуцијата за евроинтеграциите