Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Владата ја денантира СДСМ: Сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Vlada.webp.webp
300x250 opst2

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекуваат, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ.

„Ресторанските услуги на бифињата ги прикажува за трошоци за ручеци на министрите.


Тоа не се трошоци на министерот Љутков, ниту министерот Муцунски или друг владин министер, туку трошоци за бифињата кои функционираат во рамките на министерствата, кои ги користат и плаќаат и вработените кои плаќаат за услугите. Впрочем во времето на СДСМ оператор на ваквите услуги беше фамозната струмичка компанија Концепт.

Времињата кога министрите од таа партија трошеа брдо пари за скапи луксузирања и кога министри патуваа со владиниот авион до Ниш или до Солун на шопинг заврши.

Апелираме со голема претпазливост да се земат лажните вести продуцирани од партијата позната по дезинформирањето. Очигледно СДСМ одбра да продолжи со својата неконструктивност, некадарност и неспособност“, се вели во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје