Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: Јас и СДСМ стоиме рамо до рамо со работниците

Fb img 1746111149081.jpg

“На овој 1 Мај, јас и СДСМ стоиме рамо до рамо со работниците.
Заедно ќе изградиме општество каде трудот се вреднува, а правдата и достоинството се основа на нашата заедница.

Како партија која отсекогаш била со работниците, СДСМ гордо стои зад своите постигнувања:
✔️ Минималната плата од 8.000 ја зголемивме на над 20.000 денари
✔️ Просечната плата ја зголемивме од 22.000 на над 42.000 денари
✔️ Воспоставивме систем за усогласување на платите со трошоците на живот


СДСМ беше и остана единствената партија што политиките за работниците ги носеше заедно со нив.

Денес, сведоци сме на влада која ги игнорира работниците:
❌ Минималната плата стагнира
❌ Просечната плата не расте
❌ Колективните договори не се почитуваат
❌ Вработените во јавниот сектор се дискриминирани
❌ Дури и редовните плати доцнат

Ова е неприфатливо и недостојно. Време е повторно да застанеме на страната на работниците!

Честит 1 Мај – Ден на трудот!”, напиша Александар Димитриејвиќ, генерален секртеар на СДСМ.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја