Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Mickoski 4.jpg

Денес им оддаваме почит на сите работници – на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, напиша премиерот Христијан Мицкоски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

MK Summit

Трудот, како што посочува Мицкоски, е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава.


-Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот, истакнува Мицкоски.

Посочува дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација.

-Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин. Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот, се анведува во шеститката од премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“ – започнува официјалната примена

Бујар Османи до Мицкоски: Немаш ни план, ни визија, ни храброст, ниту пак си лидер!

Обвинет Нино Васев и четири доктори за “Онкологија” – 29 пациенти примале несоодветна терапија или не ги добивале сите дози