Утрински Весник
Македонија

Општина Велес од буџетот ќе издвои 500 илјади денари за настраданите во пожарот во Кочани

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Сoветот на Општина Велес на вчерашната 63 седница донесе одлука да се издвојат 500 илјади денари за помош на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Издвоените пари од општинскиот буџет ќе бидат уплатени на сметката на солидарна помош при македонскиот Црвен крст, информираат денеска од Општина Велес.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи ноќта на 16 март годинава починаа 59 млади лица, а потоа на повредите им подлегнаа уште тројца, кои беа на лекување.


Во пожарот беа повредени околу 200 млади лица, некои потешко, некои полесно. Голем дел од повредените сè уште се на лекување во клиниките во земјава и странство и на нивните семејства им е неоходна финансиска помош и поддршка до нивно целосно излекување и закрепнување.

Можете да прочитате

Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Кривична пријава за узурпација на јавен простор против угостители во Кочани поднесе в.д. градоначалникот Крстевски

„Зошто нема траги од крв од перницата со која е пукано во Вања?“, праша адвокатот на Видевски